Спорт

Евробаскет 2015: Македонија и со пораз од Грузија останува во игра, но…

Евробаскет 2015: Македонија и со пораз од Грузија останува во игра, но…
Евробаскет 2015: Македонија и со пораз од Грузија останува во игра, но...

Македонските кошаркари попладнево со почеток во 18 часот го играат клучниот меч за пласман во следната рунда на Евробаскет 2015.

Сите очекуваат и најавуваат победа, која по триумфот над Холандија би била втора за нас и која би ни донела пласман во следната рунда.

Сепак, како и секогаш и на овој Евробаскет постои „весела математика“. Имено, Македонија и доколку загуби ќе остане во игра за следниот круг.

Во случај нашите кошаркари да го загубат денешниот дуел со Грузија, тогаш ќе се формира круг од три репрезентации од кој би испаднала селекцијата на Холандија поради убедливиот пораз од Македонија. Математиките се дека на Македонија и одговара дури и пораз, но истиот да не биде поголем од 3 коша разлиа. Ако поразот биде убедлив тогаш нашата селекција ќе остане без вториот круг.

Ова важи секако под услов во последното коло Македонија, Грузија и Холандија да загубат во пресметките со фаворитите Словенија, Грција и Хрватска.

Сепак, од нашиот табор велат дека не ги интересира математика, напротив денеска против Грузија одат на победа и сами да ја донесат одлуката за вториот круг.