Евробаскет 2015: Македонија на мегдан со Грција

Македонската кошаркарска репрезентација попладнево од 18 часот со дуелот против најголемиот ривал на сите полиња тимот на Грција ги започнува натпреварите на 39 Европски шампионат, премиерен во историјата со дури четири ко домаќини.

За македонскиот национален тим ова ќе биде петтото Европско првенство, четврто во низа.

Избраниците на Србиновски максимално подготвени и мотивирани заминаа за Загреб со надеж за добар резултат , иако во селекцијата имаме многу дебитанти на големите натпреварувања.

Ждрепката сакаше наш прв противник на Евробаскет да биде силната Грција еден од фаворитите за висок пласман , но црвено жолтите со поддршка од трибините од македонската фаланга како и на претходните две средби со истиот ривал ќе се обидат да стигнат до изненадување.

По денешниот стартен дуел со Грција, црвено жолтите утре од 15 часот го играат клучниот дуел во групата Ц против изненадувањето од квалификациите Холандија.

Инаку, ФИБА ја рангираше Македонија на 22. Место од вкупно 24 учеснички на првенството. Сите наши противници во групата се подобро рангирани од кои најслабо котира Холандија на 21. Место. Најголеми фаворити на првенството се Шпанија, Франција и Србија, а тука се вбројуваат и Литванија, Хрватска и Турција.

Извор: Курир.мк