Еврогрупата одговори позитивно на писмото од Варуфакис

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум позитивно одговори на писмото на грчката Влада во кое се предлагаат неколку реформски мерки, со цел за возврат да се добие финансиска помош.

Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во петокот испрати писмо до Дејселблум, пред клучниот состанок на министрите за финансии од еврозоната кој треба да се одржи утре во Брисел.

Во писмото се предлагаат седум клучни реформски мерки со кој ќе се убедат кредиторите да и овозможат на Грција нова транша финансиска помош, пренесува МИА.

Меѓу овие предложени мерки се и плановите за скротување на бирократијата, зголемување на заработувачката од коцкање преку интернет и ангажирање даночни инспектори кои не се професионалци, вклучувајќи ги и туристите, кои би помогнале во акцијата против лица кои избегнуваат плаќање данок.

Варуфакис истакна перед медиумите дека е оптимист пред утрешните разговори.

Новата Влада во Атина има рок до следниот месец да достави предлог-реформи до своите кредитори (ЕУ и ММФ) со цел да добие „зелено светло“ за својот план за четиригодишно економско опоравување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.