Еврогрупата побара од Грција и кредиторите нивна поактивна соработка

Министерот за финансии на Грција, Јанис Стурнарас се најде под притисок од колегите во Еврогрупата на состанокот што беше одржан вчера во Брисел.

Причина за тоа беше договорот што Грција треба да го постигне со Тројката кредитори по пролонгираниот преглед на нејзината програма за фискална корекција до крајот на неделата, пишува весникот „Катимерини“.

За време на средбата, европски финансиски министри изразија разочарување од недостатокот на напредок со структурните реформи, иако признаваат дека земјата сега е финансиски многу постабилна.