Балкан

Еврогрупата се согласи за третиот спасувачки пакет за Грција

Еврогрупата се согласи за третиот спасувачки пакет за Грција
Еврогрупата се согласи за третиот спасувачки пакет за Грција

Министрите за финансии на земјите од еврозоната постигнаа согласност за трет спасувачки пакет за Грција, чија вредност може да достигне 86 милијарди евра, соопштија ЕК и Еврогрупата, пренесе МИА.

Нови кредити, чии размери можат да достигнат 86 милијарди евра, ќе бидат одобрени за Грција во следните три години, соопшти ЕК.

Претседателот на Еврогрупата, Јерун Дејселблум изјави дека 25 милијарди евра од оваа сума ќе бидат наменети за рекапитализација на грчките банки.

На 20 август Грција треба да и исплати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра.

На 20 август Грција треба да и исплати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра.
На 20 август Грција треба да и исплати на Европската централна банка 3,4 милијарди евра.

Генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард го поздрави постигнатиот договор во Еврогрупата за трет спасувачки план за Грција, но побара значително отпишување на грчкиот долг од страна на европските земји.

Таа потенцира дека „долгот на Грција станал нестабилен и од огромно значење е европските партнери на земјата да преземат конкретни ангажирање за значително отпишување на долгот“.

Голем број европски земји, на чело со Германија, бараат ММФ да учествува во спасувачката програма за Грција, но се исклучително резервирани кон идејата за отпишување на грчкиот долг, кој изнесува околу 170 проценти од бруто домашниот производ (БДП).

Грчкиот министер за финансии Евклидис Цакалотос истакна дека постигнатиот договор за финансиска помош за Грција ќе ја придвижи земјата напред, бидејќи ќе се создаде постабилен финансиски систем кој нема да биде штетен за банкарските депоненти.

Ципрас со повик до пратениците да го одобрат економскиот пакет

енеска пред грчките пратеници ќе се најде економскиот пакет за помош од 85 милијарди евра. Грчкиот премиер АлексисЦипрас ги повика пратениците да одобрат  пакетот кој тој го оквалификува како „неопходен избор“ за државата.
Обраќајќи се во парламентот пред пратениците да гласаат за договорот со кредиторите, Ципрас наведе дека министерот за финансии Евклидис Цакалотос ќе води битка на средбата на Еврогрупата денеска за да избегне закана од преоден заем.

Преодниот заем кој и се предлага на Грција како замена, би значел враќање кон „бескрајна криза“, смета Ципрас.

Грција може да добие 6,04 милијарди евра преоден кредит, доколку министрите за финансии од еврозоната не одобрат нова спасувачка програма за Атина на вонредната седница, планирана за денеска, пишува германскиот весник „Билд“, повикувајќи се на предлозите на Европската комисија подготвени за средбата.

Според предлогот преодното финансирање треба да биде за период од максимум три месеци.

Преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај, смета грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Преодниот кредит ќе значи „враќање на кризата до бескрај, смета грчкиот премиер АлексисЦипрас.

Се очекува министрите за финансии на земјите од еврозоната, обединети во Еврогрупата да се сретнат денеска во Брисел, за да ја разгледаат спогодбата, договорена меѓу Атина и кредиторите.

Во грчкиот Парламент сеуште продолжуваат дебатите за спогодбата, кои почнаа доцна синоќа.

Грција на 20 август треба да и исплати 3,2 милијарди евра на Европската централна банка.