Еврокомесарот Хан денеска во Белград

Комесарот на ЕУ за соседска политика и проширување Јоханес Хан допатува во Белград, каде имаше средба со претседателот Томислав Николиќ, јавува Танјуг.

Хан допатува во Белград со цел да го поддржи процесот на пристапување на Србија кон ЕУ и да разговара за можностите за отварање на првите поглавја од преговорите.

Инаку ова е негова втора посета на србија откако ја презема функцијата комесар на ЕУ за политика и преговори за проширување.

Хан денеска во Белград ќе оствари средби и со премиерот Александар Вучиќ, како и со поголем број министри, народниот правобранител и  со претставници на опозицијата.

Фото: Танјуг