четврток, 24 ноември 2016  |  Вести денес: 75

Еврокомесарот Хан во посета на Македонија

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во посета на Македонија. Тој денеска во Скопје ќе оствари средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од јуни/јули минатата година.

han

Поврзани вести

Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан во посета на Македонија. Тој денеска во Скопје ќе оствари средби со лидерите на политичките партии потписнички на договорот од јуни/јули минатата година.

Како што беше соопштено од неговиот кабинет, Хан ќе потсети на одговорноста што тие ја имаат за спроведување на овој договор, вклучувајќи ја и потребата за обезбедување услови за веродостојни избори, во согласност со веќе усогласените рокови.

Хан, стои во соопштението, ќе потсети на важноста на спроведувањето на итните реформски приоритети што Комисијата ги издаде за Македонија, за што македонските политички лидери исто така се обврзаа.

15-ти јануари е клучниот рок на политичкиот договор чија имплементација е важна и за Владата и за граѓаните на земјата. Очекувам дека преостанатите елементи од политичкиот договор ќе бидат решени пред или за време на мојата посета, овозможувајќи им на изборните власти да организираат веродостојни избори во согласност со договорената временска рамка, стои во писмената изјава на Хан објавена вчера.

Доаѓањето на Хан се поклопува со рокот за исполнување на обврската од договорот за избор на техничка Влада со нов привремен премиер, чија единствена задача ќе биде спроведување на изборите закажани за 24 април оваа година.

Се очекува тој денеска во Скопје да има средба со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, со лидерот на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. На средбите во ваков формат што се одржуваа претходно присуствуваа и евроамбасадорот Аиво Орав и амбасадорот на САД Џес Бејли.

Завршија преговорите на ниво на работни групи

Вчера, пак, во Клубот на пратениците продолжија разговорите на посредникот Питер Ванхауте со претставниците на политичките партии во врска со прашањата поврзани со медиумите, како и за Правилникот за методологија за водење и ажурирање на Избирачкиот список и Правилникот за методологија за целосен пристап, вршење промени и бришење на податоци во Избирачкиот список, како и постапка за спроведување теренски проверки заради негово ажурирање. Ванхауте изјави дека преговорите ќе се одржуваат се додека не се постигне договор за овие теми.

Завршија преговорите на ниво на работни групи

Завршија преговорите на ниво на работни групи

Своевидна претходница на Хан беше посетата на европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едуард Кукан на почетокот на неделата, кои се обидоа да ги охрабрат политичките партии да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот.

Тројката од Европарламентот која посредуваше во напорите за постигнување на договорот од Пржино, по дводневните интензивни средби и разговори во Скопје порачаа до сите засегнати страни да не штедат време и напор за брзата имплементација на сите клучни прашања од договорот од Пржино.

Ние силно ги повикуваме претставниците на сите политички партии да не жалат време и напори во имплементацијата на договорот од Пржино и на итните реформи. Нагласуваме дека ова е политички приоритет кој е неопходен за земјата да ја надмине политичката криза. Целосната посветеност и фокус на сите политички партии кон преостанатите чекори кон договорот е круцијална. Поради тоа ние ги охрабруваме сите страни брзо да делуваат и да го подготват избирачкиот список со усогласената методологија заради веродостојно ниво на теренски проверки, како и за преземање чекори за унапредување на слободата на медиумите, истакнаа тројцата европратеници во заедничката изјава.

Вајгл, Ховит и Кукан се сретнаа со  лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи. Разговараа и со високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ поради тоа што лидерот на оваа партија и премиер Никола Груевски беше во посета на САД. Тие одржаа средби и со членовите на ДИК, со специјалната јавна обвинителка и со претставници на граѓанскиот сектор.

Најчитани вести