Евролига: ЦСКА го исфрли Химки, а Реал го елиминираше Пао

Кошаркарите на московска ЦСКА се третиот учесник на годинешниот завршен турнир на Европлигата кој ќе се игра во Белград од 18-ти до 20-ти мај, откако во четврфиналниот дуел како гости го совладаа Химки со 89:99 и така со скор од три победи и еден пораз го обезбедија натамошното натпреварување, а истото го стори и Реал Мадрид кој со 88:82 го совлада дома Панатинаикос.

Иако ЦСКА беше во водство речиси целиот натпревар а често и со двоцифрена предност, Химски со „тројката“ на Алексеј Швед на минута пред крајот успеа да поведе со 87:85. Серхио Родригез на 21 секунди пред истекот на регуларното време со погодените две слободни фрлања израмни на 87:87 за секунда потоа Ентони Џил да погоди само едно слободно фрлање за водство на Химки од 88:87. Во својот последен напад гостите преку Кори Хигинс стасаа до водството од 89:88 на пет секунди до крајот, а потоа следеше контроверзна завршница во која главната ролја ја имаа судиите.

Химки многу брзо ја изведе топката по примениот кош и во противнапад постигна победнички кош. Меѓутоа, судиите ја вратија топката под обрачот на домашните и ги повторија последните пет секунди. На поставената одбрана на ЦСКА кошаркарите на Химки не успеаја да изградат погодна акција и гостите минаа натаму.

Хигинс ги предводеше стрелците на ЦСКА со 20 кошеви, додека Швед постигна 36 поени за Химки.

Реал Мадрид, исто така, со скор 3-1 во победи го елиминираше Панатинаикос. Во Мадрид пред почетокот на четвртите 10 минута, Реал имаше водство од 18 кошеви, но гостите на минута пред крајот успеаја да намалат на 82:85. Но Лука Дончич погоди „тројка“ преку раце на противничкиот играч со истекот на нападот и спречи пресврт. Дончич со 17 кошеви го предводеше Реал, додека Крис Синглтон со 21 поен беше најефикасен кај Панатинаикос

Уште во четвртокот пласман за завршниот турнир обезбедија бранителот на титулата Фенербахче и Жалгирис. Фенербахче со 3-1 ја елиминираше Басконија, а Жалгирис со ист скор беше подобар од Олимпијакос.

Во полуфиналето на 18-ти мај ќе играат Фенербахче и Жалгирис, па Реал и ЦСКА.