Евролига: Џенинг со звукот на сирената донесе победа за Ефес

Грчкиот преставник во Евролигата, Олимпијакос синоќа славеше на домашен терен против Барселона со 73:71 и го задржа “брејкот” против каталонците. Веќе на следниот меч, кој повторно се игра во Грција, Олимпијакос ќе има можност да ја материјализира оваа предност и да обезбеди пласман помеѓу четирите најдобри во Европа.

Најзаслужни за оваа победа на домаќините беа Принтезис со 19 и Спанулис со 15 поени, додека кај “каталонците” Наваро уфрли 14 поени.

Уште повозбудливо беше во Истанбул, каде Ефес со победи во последната секунда, благодарение на тројката која ја постигна Мет Џенинг.

Турскиот тим славеше со 75:72, па така резултатот сега е 2:1 во корист на “кралскиот клуб”.

Токму Џенинг беше најефикасен со 21 поен, а одлична партија пружи и Крстиќ со 17 поени.