Евролига: Галатасарај со несреќен пораз на домашен терен, Реал ја “прегази” Барселона

Синоќа беа одиграни четири натпревари во кошаркарската Евролига, а најинтересен беше дуелот во Истанбул, каде Макаби Тел Авив по продолжението забележа триумф над турскиот гигант Галатасарај со 94:97 (85:85).

Иако домаќинот се соочува со повреди на неколку првотимци, сепак и со таков состав одлично му парираа на актуелниот европски шампион. Сепак, во продолжението потклекнаа и го доживеаја четвртиот пораз во ТОП-16 фазата.

Најефикасни кошаркари во победничкиот состав беа Дејвин Смит со 24, односно Џереми Парго со 17 поени, додека кај Галатасарај, Зоран Ерцег постигна 27 поени, а Ендер Арслан уфрли уште 20. Минутажа на овој натпревар доби и младиот македонски кошаркар Кристијан Николов, кој одигра четири минути, но не успеа да шутне кон противничкиот обрач.

Во наредното коло, Галатасарај кој има три последователни порази гостува кај Барселона, додека Макаби на домашен терен ја пречекува Алба.

Евролига резултати:

Галатасарај – Макаби Тел Авив 94:97 (по прод.)
Црвена Звезда – Жалгирис 68:70
Олимпијакос – ЦСКА Москва 84:76
Реал Мадрид – Барселона 97:73

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.