Евролига: Војдан поради трансфер не настапи против Црвена Звезда, Алба убедливо поразена

Војдан Стојановски и неговата Алба беа убедливо поразени на гостувањето кај Црвена Звезда.

Белграѓани славеа со 86:69, што воедно е и прва победа за нив во Топ16 фазата во кошаркарската Евролига, откако на претходните натпревари забележаа четири едноподруго порази.

Во победничкиот состав најмногу се истакна Бобан Марјановиќ кој постигна 17 поени, додека кај Алба најефикасен беше Џамел МекЛин со 14 поени. Нашиот репрезентативец Стојановски не доби минутажа на средбата во “Пионир” поради неговиот трансфер во Мора Банк Андора, екипа која се натпреварува во елитната шпанска лига..

Евролига резултати:

ЦСКА Москва – Нижни Новогород 103:95
Макаби Тел Авив – Реал Мадрид 90:86
Каха Лаборал – Милано 102:83
Ефес – Олимпијакос 84:70
Црвена звезда – Алба Берлин 86:69