Евролигата ја повлече тужбата против ФИБА

Евролигата и нејзините членки ја повлекоа тужбата во судот во Минхен против ФИБА, објави Светската кошаркарска федерација на својата веб страна.

Обвинението е покренато на 2 јуни од страна на Евролигата и клубовите Фенербахче, Макаби, Олимпијакос, Реал Мадрид, Гран Канарија, Олимпија Љубљана, Литвос Ритас, Цедевита, Зјелона Гора, Уникаха Малага, како и АБА лигата и АТБ лига.

Судот по повлекувањето на тужбата ја откажа расправата која беше закажана за 19 јули, додека Евролига и нејзините соработници ќе треба целосно да ги платат судските трошоци вклучувајќи ги и трошоците на ФИБА и ФИБА Европа.

Евролигата ја тужеше ФИБА затоа што сметаше дека Светската кошаркарска организација врши притисок врз клубови, играчи и судии за бојкот на натпреварите под покровителство на организацијата со седиште во Барселона.