Еврообврзницата ќе се искористи за враќање на поранешен долг

Претставници од Министерството за финансии и од Народната ги почнаа разговорите по повод потенцијално издавање на третата еврообврзница.

Премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање  истака дека сега е извонреден период  според условите на финансискиот пазар за повлекување на еврообврзница, кој, како што рече,  во најголем дел ќе се искористи за рефинансирање, односно за враќање на поранешен долг.

„Претставниците се моментално во Лондон јас пред околу еден час разговарав со Зоран Ставрески и ми ги пренесе поледните разговори, одат од банка во банка заедно со советниците коишто го уредуваат ова наше роудшоу и се надевам дека ќе имаат успех во изнаоѓањето на услови со коишто ќе се постигне најниска камата, рече Груевски.

Профатлива каматна стапка, како што нагласи Груевски е најниската каматна стапка на пазарот, која според него ќе биде истористориски најниска камата до сега.

„Затоа и одиме токму сега, ние во овој момент ја немаме нужноста за такво нешто, затоа што рефинансирањето би дошло почетокот на  следната година. Но ценејќи дека условите на сега споредено со минатите години се идеални и неможеме да бидеме сигурни дека во иднина ќе бидат подобри, може и да се влошат, проценката беше дека сега е вистинскиот момент да се повлече чекор и да се добие финанирање под најдобри можни услови, односно главно рефинансирање на претходен долг“, подвлече Груевски.