сабота, 25 март 2017  |  Вести денес: 0

Европа доби веб страница со најбараните криминалци

policija-lisici-apsenje

Последни вести

Европската мрежа за активна потрага на бегалци со поддршка на Европол, воспостави веб страница на интернет со најбараните криминалци во Европа.

На веб страницата може да се најдат информации за најбараните криминалци по кои што трага полицијата на стариот континент. Прв на листата е Абдеслах Салах, кој се бара за терористичките напади во Париз.

salah-abdeslam-novi-snimki

Секоја држава, односно полиција, може да постави на веб страницата по двајца најбарани криминалци.

Во оваа иницијатива, како што се соопштува учествуваат 22 држави – Австрија, Белгија, Данска, Естонија, Финска, Франција, Велика Британија, Италија, Хрватска, Летонија, Литванија, Луксембург, Холандија, Полска, Романмија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Чешката Република, Унгарија и Кипар.

Со оваа иницијатива би требало на криминалците да им се отежне да „исчезнат“ во некоја друга земја.

Најчитани вести