Свет

Европа е виновна за давењето на мигрантите

Европа е виновна за давењето на мигрантите

Европа има колективна одговорност за загинувањето на стотината мигранти во Медитеранот, изјави основачот на “Лекари без граници“  и поранешниот француски министер за надворешни работи Бернар Кушнер. Според него пред се треба да се формира европска спасувачка флота со по еден брод од секоја од 28-те членки на ЕУ.

Откако 700 мигранти се удавија откако нивниот брод се преврте во Медитеранот, порасна притисокот над ЕВропа да ги отфрли антимиграциските предрасуди и да најде пари за помош, додека траат кризит во Либија и на Блискиот исток.