Европа ќе плати за санкциите кон Русија

Рускиот премиер Дмитриј Медведев денеска во Сочи изјави дека Европа ќе треба да плати за санкциите воведени кон Русија со својот дел од рускиот пазар.

– Порано или подоцна ќе ја сфатиме состојбата, која е сосема очигледна. Санкциите нема да траат бескрајно, изјави тој.

– Сепак деловите од нашата економија, кои ќе бидат засегнати, нашите производители, на кои се надеваме, таму европските партнери нема да можат да се вратат, предупреди тој и додаде дека тоа е цената која Европа ќе треба да ја плати.

Премиерот ги смири претприемачите од Азија и од Латинска Америка, кои планираат да ги заземат местата на европските доставувачи на рускиот пазар, нагласувајќи дека доколку се нормализираат односите на Русија со Европа, тоа нема да претставува закана за нивите позиции во Федерацијата.