„Европа“ најави тужба против српски „Пионир“

Фабриката за чоколади и кондиторски производи „Европа” од Скопје ќе поднесе тужба против српската компанија „Пионир” и инспекциските служби кои наложиле запленувањето на македонските бонбони „бонбон ноар” од српските продавници поради фалсификат, пишува весникот „Вест“.

Од компанијата истакнале  дека бонбоните запленети во Србија би­ле легално на полиците на продавниците, со заштитниот знак, логото на „Европа”, во карактеристична амбалажа и со име кое нема допирна точка со бонбоните “нег­ро”, кои ги произведува “Пионир”.

„’Ев­ро­па’ на српскиот пазар продава повеќе од еден век, има своја верна група кон­су­мен­ти и лојални клиенти, и на нејзина адреса никогаш порано не пристигнал ва­ков тип обвинувања. Начинот на работа на ‘Европа’ никогаш не се базирал ниту на пла­ги­јат ниту на фалсификат, напротив, производите на нашата компанијата често би­ле напаѓани со плагијати од разни држави и завршувале со правни постапки”, из­ја­ви Сава Димитрова, претседател на управниот одбор на “Европа” АД – Скопје, за „Вест“.

Во поглед на содржината на бонбоната, таа е непроменета, се произведува повеќе од 50 години, а за првпат е евидентирана во каталог на „Европа” во 1982 година. Сос­та­вот на „бонбон ноар” и на “негро” е различен. Слично е тоа што и двете се ба­зи­ра­ни на состојката лакриц, но процентот на мрсното полнење, филувањето и из­гле­дот на самата бонбона воопшто не се исти, велат од „Европа“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.