„Европа нема да дозволи Грција да излезе од еврозоната“

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис денеска изјави дека Грција не верува дека нејзините европски партнери ќе доволат таа да излезе од еврозоната.

– Јас не верувам дека некој разумен европски бирократ или политичар ќе тргне по тој пат, истакна Варуфакис.

Атина се обидува да склучи договор со кредиторите, „пари во замена за реформи“, пред истекување на рокот кон крајот на овој месец, со цел да биде одмрзната последната транша од финансиската помош од 240 милијарди евра, од што зависи опстојувањето на Грција во еврозоната.

На прашањето дали ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд блефираат, грчкиот министер одговорил дека „се надева оти е така“.