Европарламентот не сака еднаквост меѓу мажите и жените

Европскиот парламент вчера го отфрли со тесно мнозинство извештајот за еднаквост меѓу мажите и жените , во кој се повикува да се обезбеди подеднаков надоместок за иста позиција.

Извештајот е отфрлен со 298 гласа „против“ , главно на конзервативците. За негова поддршка гласале 289 пратеници, главно левичари и либерали, додека 87 биле „воздржани“ , од нив најголем дел зелени пратеници.

Во извештајот се бара од земјите членки на ЕУ „да гарантираат почитување на основниот принцип на еднаквост на надоместок при еднаква работа меѓу жените и мажите“, да се забрани принудното напуштање на мајчинството, како и да се промовира борбата против сексистички стереотипи.