Eвропратеници на “Златна Зора” се закануваа на промоцијата на “Групата на пријатели на Македонија” во ЕП

Тројца европратеници на грчката неофашистичка партија Златна Зора, заедно со нивните асистенти во Европскиот парламент, меѓу кои и осудувани криминалци и деликвенти, вечерва се обидоа да го опструираат формирањето на Група на пријатели на Македонија во Европарламентот.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, со закани, уцени, притисоци, фотографирање и снимање на присутните, како и со лична интервенција кај присутните европратеници-пријатели на Македонија од страна на триото на неофашистичката Златна Зора: генералите Јоргос Епитидеиос и Елефтериос Синадинос, како и Ламброс Фунтулис, Грците сепак не го спречија формирањето на оваа група.
Генералот-неофашист Епитидеиос, дури лично им се закануваше на европратениците и го навредуваше и македонскиот министер за надворешни рабтои Никола Попоски, присутен на денешната церемонија во Брисел. Но, откако истиот заедно со неговите асистенти беа изигнорирани од присутните, мораа да заминат изговарајќи по пат:Тоа не е Макеоднија, Македонија е грчка и Тоа е СКопје, тоа е Вардарска!.
Во меѓувреме, асистентите на Епитидеиос, Илја Јалуридис и Константинос Бовиацос, кои лани му се закануваа на дописникот на МИА од Брисел со ликвидација бидејќи го користел зборот Македонија за нашата земја, при заминувањето го фотографираа и снимаа токму дописникот на МИА, упатувајќи нови закани од типот ќе видиш што ќе ти се случи!.
Имено, европратениците од Златна Зора” уште во најавата за формирањето на оваа група изразија противење на употребата на терминот Македонија за оваа група, бидејќи според нив Македонија е регион во Грција, каде министер за надворешни работи е Никос Коѕијас, а не Никола Попоски. Тие инсистираат оваа група да го носи името Група на пријатели на БЈРМ, за што упатувале и сериозни закани кон некои од европратениците што изразиле желба да учествуваат во неа.
Сепак, на крајот формирањето на Група на пријатели мина во одлична атмосфера, каде претседателката Петир и посака успех на оваа група што ја сочинуваат уште 25 други европратеници, посакувајќи дека оваа група ќе може да помогне конечно да се отворат пристапнтие преговори на Македонија со ЕУ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.