Европратениците бараат ургентни мерки за спасување на животите на мигрантите

 Европската Унија треба да направи се што е можно за да се избегне губење нови животи на мигранти, на пример со проширување на мандатот на операцијата Тритон во Средоземното Море, со операции за пронаоѓање и сапсување на ниво на ЕУ, се вели во резолуцијата на ЕП, пренесува МИА.

Во моментов операцијата Тритон која е координирана од европската агенција Фронтекс, делува на само 30 морски милји од италијанскиот брег.

Европскиот парламент исто така бара обврзувачка квота за распределба на барателите на азил меѓу сите земји членки на ЕУ, како и поголеми средства за програмите за мирантите и подобра соработка со трети земји со поостри мерки за лицата кои вршат илегално префрлање имигранти.

За таа резолуција гласаа 449 европратеници, 130 беа против и 93 воздржани.

Стотина лица се собраа пред Европскиот парламент во Стразбур за да им оддадат почит на мигрантите кои загинаа неодамна во Средоземното Море.

Притоа пред зградата на Европскиот парламент беше послана листа на која беа напишани имињата на 17.603 мигранти кои ги загубија животите во обид да дојдат во Европа. На листата треба да се додадат уште имињата на 1700 мигранти загинати во првите четири месеци од годинава.

Претседстелот на Европската комисија исто како и европратениците се свесни дека она што сега го прави ЕУ за мигрантите е недоволно и дека е потребно да се преиспита темелно европската политика за легалната миграција.

„Ургентно е да се погрижиме за прашањата со легалната миграција. Ако не ја подотвориме врата за влез, не треба да бидеме изненадени ако несреќните од целиот свет влезат на недозволен начин преку прозорец. Потребно е да се отворат врата за да не се влегува преку прозорец“- изјави пред европратениците Жан-Клод Јункер Претседателот на ЕК.

Според резолуцијата на ЕП, ЕК треба да изработи „обврзувачка квота за распредлба на барателите азил, меѓу сите земји членки на ЕУ. Потоа државите членки, треба целосно да ги користат постоечките можности за издавање на хуманитарни визи и сериозно да размислат за можноста за спроведување на директивата од 2001 година за привремена заштита или ченот 78, став 3 од договорто на ФУЕ кој предвидува механизам на солидарност во случај на масовен прилив на имигранти.

Меѓу другото резолуцијата бара и брзо пренесување на правилата на европскиот заеднички режим за азил во законодавствата на земјите членки и нивно спроведување од сите.

Годинава, според Меѓународната поморска организација, агенција на Обединетите нации, Средоземното Море теоретски можат да го преминат скоро половина милион мигранти. Европската Унија е осудена да се справува колку што може и како што умее со овој проблем, бидејќи човечките драми на мигрантите на кои бевме сведоци и во Македонија се неподносливи.