Европратеничката Петир посети сточарска фарма во Мажучиште

Хрватската европратеничка Маријана Петир,  од редовите на Народните партии, заедно со заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо Костадиновски, во придружба на  градоначалникот на Прилеп,  Марјан Ристески денес беа во посета на сточарска фарма во селото Мажучиште, во сопственост на Стеван Јорданоски.

pratenicka-na-farma2

Јорданоски е долгогодишен фармер и корисник на владини субвенции за развој на сточарството. Фармерот Јорданоски е сопственик на 30 грла крави,  кои  ги одгледува со сопствено производство на добиточна храна, што пак зачително ги намалува трошоците при производството на млеко.

Европратеничката Петир се запозна со начинот на стопанисување на македонските сточарски фарми, начинот на исхрана на добитокот за да се добие  поголема продуктивност и можностите кои оваа дејност, сточарството, им ја  нуди на едно македонско семејство.

pratenicka-farmata

Заменик-министерот Костадиновски  ја запозна европратеничката со државните субвенции што Владата ги дава за поддршка на овој земјоделски сектор, а општината ги поддржува сточарите  преку изградба на патна инфраструктура и  уредување на населните места.