среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 0

Европратеничката Петир со писмо до Хан: ЕУ да ја осуди тиранската платформа

Петир, во писмо до Хан, му укажува на еврокомесарот дека нови избори се решение за отплеткување на јазолот на македонската политичка сцена.

132396171

Поврзани вести

Искусната пратеничка во Европскиот парламент и прв човек на „Групата на пријатели на Македонија во Европарламентот“, Маријана Петир, денеска испрати писмо до еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, во кое го алармира да превземе чекори со кои Брисел ќе придонесе за смирување на состојбата во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во писмото до кое дојде МИА, а кое подолу го пренесуваме во целост, Петир бара од Хан во име на Европската унија да ја осуди т.н. тиранска платформа „затоа што претставува директно мешање на една земја-кандидат во внатрешните работи на друга земја-кандидат, односно во Република Македонија, бидејќи може да стане опасен преседан во меѓународните односи“. Исто така, Петир му укажува на еврокомесарот дека нови избори се решение за отплеткување на јазолот на македонската политичка сцена.

Почитуван господине Хан, Ви пишувам длабоко загрижена за развојот на настаните по изборите во Република Македонија кои сериозно ја продлабочуваат политичката криза со која земјата се соочува повеќе од две години. Предвремените парламентарни избори што се одржаа во декември 2016 година беа одржани во демократска и мирна атмосфера, без никакви нерегуларности. На овие избори, ВМРО-ДПМНЕ освои 51 пратенички места во македонското Собрание и СДСМ 49, додека партиите на албанското малцинство освоија вкупно 20 места (ДУИ 10, Беса пет, три Алијанса на Албанците и две ДПА).

Тиранската платформа, која беше договорена по изборите од страна на претседателот на Владата на Република Албанија, господин Рама и три парламентарни партии што го претставуваат албанското малцинство во Македонија (ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците), постави услови за формирање на Влада во Република Македонија кои се во спротивност со Уставот на земјата. Покрај тоа, т.н. тиранска платформа претставува јасно кршење на македонскиот Устав и ги загрозува правата на македонскиот народ во сопствената земја барајќи конститутивни права за албанското малцинство (чиј број не е познат поради застарениот пописот) и кои целосно ги уживаат сите малцински права во Република Македонија. Истата е и загрозување на начелата на Охридскиот рамковен договор и мултиетничкиот карактер на земјата и ги става другите малцинства во Македонија на второстепена позиција.

Тиранската платформа не беше дел од изборниот процес, туку беше формирана по него и стана услов за формирање на македонската влада. Покрај тоа, платформата е формирана во странската земја (Република Албанија) и во тесен договор со странска влада. Предвремените парламентарни избори беа со цел да се надмине политичкиот ќор-сокак и да се забрзаат реформите (како договорот од Пржино и извештајот на Прибе), а не да донесат нови етнички платформи. Овие два документи не се за нови придобивки за албанското малцинство од тиранската платформа, тие се за одредување на систематските дефекти во земјата-кандидат.

Давањето мандат за формирање нова влада стана заробеник на уцената за етничките платформи од страна на едно малцинство во земјата, како препорака од страна на премиер на друга земја-кандидат.

Европската унија има обврска и одговорност кон Република Македонија и политичката криза со кој се соочува земјата, со оглед на тоа што приемот на Македонија во ЕУ е блокиран веќе 12 години. Јас ве поттикнувам да ја осудите оваа т.н. тиранска платформа, затоа што претставува директно мешање на една земја-кандидат во внатрешните работи на друга земја-кандидат, односно во Република Македонија. Ова би можело да стане опасен преседан во меѓународните односи, особено во намалувањето на солидарноста во ЕУ и во светот, но исто така и во време на загрозена безбедност во светот.

Вие веќе ги повикавте сите релевантни политички чинители во Република Македонија да ги почитуваат изборните резултати и демократските процеси и да постигнат договор за формирање на нова и стабилна влада, со почитување на Уставот на Република Македонија. Но, со оглед на тоа што е создаден ќор-сокак со т.н. тиранска платформа, ако не може да биде постигнат договор, тогаш нови избори треба да се сметаат за решение.

Членството во ЕУ има трансформациска моќ во земјите од Западен Балкан, што е и Вашето портфолио. Република Македонија заслужува почеток на овој процес уште одамна и ЕУ има огромна одговорност да го забрза овој процес и да остане максимално ангажирана во Република Македонија, со почитување на суверенитетот и институциите.

Почитуван комесаре, примете ги моите изрази на највисоко почитување за Вас лично и за Вашата работа.

Со почит,
Маријана Петир, пратеник во Европскиот парламент

Најчитани вести