Со европска помош ќе се подобруваат капацитетите на ДЗС

помош

Тоа го овозможува твиниг проектот „Поддршка на Државниот завод за статистика за градење на капацитетите и унапредување на усогласеноста со стандардите на ЕУ“ што почна да се спроведува лани во октомври и ќе трае до мај 2018 година, а чие официјално отпочнување беше означено денеска.

Проектот, во вредност од 742.105 евра од кои 95 отсто се од ЕУ, а 5 отсто национално кофинансирање ќе го спроведуваат Италијанскиот национален институт за статистика (ИСТАТ) и Државниот завод за статистика на Република Словенија (СУРС), има за цел ДЗС да произведува исцрпни и споредливи статистички податоци во согласност со меѓународините и стандардите на ЕУ, а со тоа да се зголеми дисеминацијата на квалитетни  статистички информации и да се подобри  процесот на донесување одлуки од страна на владините институции, компаниите и граѓаните во земајва.

Партнерите во твиниг проектот  заедно ќе работат да се подобри усогласеноста на ДЗС со стандардите на ЕУ во областите: национални смети, деловни статистики,  статистики за истражување и развој, статистики на пазарот на трудот и статистики за приходи и услови за живеење.

Овој проект би требало да овозможи ДЗС да се здобие со нови квалитети во произведувањето на статистичките податоци во доменот на националните сметки, деловните и социјалните статистики, рече Лидија Костовска, генералниот директор на ДЗС и проект-лидер од Македонија на промоцијата на проектот.

Таа посочи дека очекувањата на ДЗС се преку проектот да се дојде до произведување на поголем број конзистентни податоци, како и организирање и дисеминирање на податоците, да се развие модул на стоки и услуги и нови податоци за прометот во услужниот сектор,…, како и до подобрување и унапредување на методологиите и статистиките за истражување и развој, за владините буџетски издатоци за истражување и развој и за цената на трудот.

Со овој твиниг проект ДЗС ќе добие на квалитет во својата работа преку зголемувањето на капацитетот на вработените, нивните стручни знаења и вештини, рече Костовска.

На тој начин, како што посочи,  ќе се помогне во решавањето на предизвиците кои стојат пред ДЗС за обезбедување на точни, навремени, релевантни, јасни, квалитетни и меѓународно споредливи податоци кои ќе ги оправдаат очекувањата на корисниците од државата и надвор од неа.

Твининг проектот би требало да придонесе за добивање на повисока оценка од страна на Европската комисија за степенот на усогласеност на методологиите и процесите во ДЗС со европските, а со тоа и за подготвеноста на Република Македонија во доменот на статистиката за членство во ЕУ, рече Костовска.

Клаудија Јункер, шефот на Одделот А3 за статистичка соработка на Евростат, порача дека главната цел на официјалната статистика е споделувањето на податоци.

Статистичарите се професионално независни и не прифаќаат задачи од политичари, рече Јункер и додаде дека за две години ќе се случи ревидирање на постапките во ДЗС со цел да видат каде се.

Нагласи дека европските стандарди во статистиката седолг пат во кој често се менуваат околностите и состојбите поради што, како што рече,  е неопходно континуирано надградување на ДЗС.

Џорџо Алева, претседателот на ИСТАТ – генеалниот партнер на твининг проектот, пак, нагласи дека официјалната статистика е јавно добро од кое се бара да ги задоволи потребите на многу корисници.

Споделувањето на податоци е клучната мисија на официјалната статистика, а иницијативите за нејзино модернизирање треба да се модификуваат согласно зрелоста на националниот статистички систем, рече Алева.

Потенцира дека пописот на домаќинствата и недвижностите е основа за статитистичките  операции.

Генералниот директот на СУРС Геновефа Ружич дека константно се обидуваат  да се прилагодат кон промените на статистиката и да ги зајакнат капацитетите.

Заводите за статистика секогаш може побрзо, подетално и по поевтини методи да ги истражат статистичките податоци… ДЗС ќе биде многу успешен во понатамошното јакнење на статистичкиот систем, а ние секогаш ќе бидеме тука за да ги споделиме нашите искуства и знаења, рече Ружич.