Македонија,Политика

Европската Комисија не сака да го коментира враќањето на мандатите на СДСМ

Европската Комисија не сака да го коментира враќањето на мандатите на СДСМ

Официјален Брисел останува на својот став, политичките недоразбирања да се решаваат со инклузивност на сите политички субјекти, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Европската Унија барем засега без реакција за вракањето на 34 пратенички мандати на Социјалдемократскиот сојуз. Портпаролот од комесаријатот за проширување Петар Стано денеска истакна дека нема „ништо ново“ да додаде за одлуката на Централниот Одбор на СДСМ и упати на завчерашото соопштени на ЕУ и САД.

„Ние коментиравме по изборите во заедничката изјава на амбасадорите на ЕУ и САД. Исто така имавте можност да слушнете што комесарот Филе кажа пред два дена за истата ситуација. Засега тоа е ставот на Европската Унија,“ изјави Стано.

Генералниот став на Европската Унија е сите политички недоразбирања во државите членки, кандидати и аспиранти за во ЕУ да се решаваат во рамките на институциите со вклученост на сите релевантни политички субјекти .

Инаку комесарот за проширување Стефан Филе во средата побара инклузивност од сите, во решавање на политичката ситуација, а се со цел државата да напредува во евроинегративниот процес.