Европската комисија предлага измени во правилата за азил

Комисијата минатиот месец најави можност за укинување на правилото од т.н. „Даблински систем“, според кое за азилантите е одговорна првата држава на ЕУ во која ќе влезат, што претставувало голем товар за Грција и Италија.

Западните медиуми, повикувајќи се на два извора од ЕУ, наведуваат дека во предлогот на ЕК ќе се задржи принципот на „прва земја“, но ќе биде вклучен и централен план за распоредување на барателите на азил низ Европа, со цел на земјите кои се најмногу на удар да им се даде можност да ги преселат мигрантите доколку приливот на азиланти биде премногу голем.

Според друг извор, се очекува Комисијата, исто така, да предложи и „механизам финансиски санкции“ за земјите кои одбиваат да прифатат азиланти.

За секој предлог е потребна согласност на мнозинството од 28-те земји членки на ЕУ, како и од Европскиот парламент, па затоа европски претставници и дипломати не очекуваат брзо да се стигне до договор.