Европската престолнина со најголем број на лобисти на стариот континент

Европската престолнина Брисел во која што се кројат политиките и бизнис интересите на најмоќните држави е град со најголем број на лобисти на стариот континет.

Големи фирми  вложуваат по стотици милиони евра во кампањи за лобирање за заштита на своите интереси, со цел  да влијаат на законодавците во Брисел, а со тоа  да ја завртат јавноста во нивна корист. Предмет на лобирања честопати се и политичките процеси, сметаат експертите. Сепак и покрај легитимното право на лобирање еден од најголемите предизвици со кои се соочува Европската Унија во последно време е и корупцијата.

Моќната Бриселска лоби сцена застапува над 500 големи светски корпорации мегу кои и компаниите како „Ролс Ројс“, „БАСФ“, „Гугл“. Се проценува дека  нивните интереси ги застапуваат околу 15 до 30.000 лобисти чија цел се законадавните институции како Европската Комисија, Парламетот и Европскиот совет.

Корпоративни лобирање во Брисел оставрува годишен промет од една милијарда евра, што го прави градот прв во Европа, а втор во свет по Вашингтон  во корпоративната мок на лобирање. За методологијата и стратегиите кои што ги користат говори генералниот секретар на една од најмоќите лоби организации „Евро-стопанска комора“, Арландо Абрузини, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

„Секако личниот контакт, личните односи кои ги остваруваме се многу важни, затоа што токму тие градат доверба, секако и јавните насатапи или настани и проследување од страна на медиумите се многу важни за нас како лоби институција“, изјави Абрузини.

Со оглед на тоа што нивните услуги скапо се наплатуваат, и тенка е линијата меѓу лобирањето и корупцијата тој  ја прецизираше разликата и како елоквентен пример сосема случајно  го спомена поранешниот известувач за  Република Македонија во европскиот Парламент Зоран Талер.

„Корупцијата има сосема друга цел, бидејки очигледно сакате да го постигнете истиот резултат, но ги поткупувате луѓето со пари или одредени бенифиции кои не се инстументи на лобирањето. Корупцијата во политиката за жал се’ уште е присутна и ние имаме обврска да ја пријавиме. Член на европскиот парламент од Словенија е во затвор за тоа. Таа е основен проблем и пречка во равојот на правилна бизнис заедница“, истакна генералнот секретар на една од најголемите лоби групи во Брисел.

Постојаниот дописник на „Сандеј тајмс“, Бојан Панчевски  и активен учесник во разоткривањето на мега коруптивниот скандал, кој пратеникот Талер скапо го чинеше , пак откри дел од коруптивниот синџир кој постои во Европските институции.

„Во нашиот случај кога пред две три години ја откривме таа афера им пријдовме на околу сто пратеници со истото барање, мал дел прифатија преговарање, а многу мал дел прифатија да бидат корумпирани. Тоа беа претежно пратеници од Романија, Словенија, Австрија. Во Австрија беше осуден, а во Словенија слушам дека пратеникот се спогодил“, рекол тој.

Европската канцеларијата за финасиски измами во Брисел  ги истражува  сите потенцијални деликти и доколку утврди дека има причина за кривично гонење, тогаш случајот го префрла на националните власти.

Па сепак и покрај тоа,  според последниот извештај на Европската Комисија објавен минатата недела , корупцијата го чини европското стопанство неверојатни 120 милијарди евра годишно.

„Моќта на парите во комбинација со сложени и често необјасниви постапките на одлучување во ЕУ, како и  недостатокот на вистинска контрола,создава средина каде големите бизнис интереси можат ефикасно да се стават  на политиката агенда. Ова го прави Брисел рај за корпоративното лобирање“, додава тој.