Балкан

Европската Унија ги укинува санкциите за Милошевиќ

Европската Унија ги укинува санкциите за Милошевиќ

Европската унија денеска одлучи да ги укине санкциите кон покојниот југословенски и српски претседател Слободан Милошевиќ и луѓето поврзани со неговиот режим.

– Укинувањето на санкциите кон Милошевиќ и неговите соработници е поради сегашните односи меѓу ЕУ и Србија, изјави неименуван извор од Унијата.

Одлуката ќе стапи во сила во среда.

Милошевиќ беше обвинет од Хашкиот трибунал за воени злосторства, злосторства против човештвото и геноцид. Тој почина во 2006 година, а судскиот процес против него не беше завршен.