Европската Унија ќе додели грант од милијарда евра за Мјанмар

–Европската Унија годинава ќе додели грант од милијарда евра кои државата која сеуште е под полувоен режим ќе треба да ги инвестира во развој на руралните населби, инфраструктурата, унапредување на образованието и обезбедување на мир. Грантот е дел од програмата на ЕУ, според кој од 2.014 до 2.020 на поранешна Бурма, по укинување на воената управа ќе и се помага во транзицијата кон демократија.

Европската Унија во 2013 година ги укина санкциите кон Мјанмар, а најголем дел од средствата за помош во обновата на демократијата и економијата на Мјанмар ќе обезбедуваат Италија, Норвешка, Финска, Белгија и Австрија.