Европската Унија можности и предизвици

Традицијата продолжува преку дебати и јавни трибини Европската Унија да се доближува до македонските граѓани. Деветти мај денот на Европската Унија во Битола синоќа во организација на Здружението Европска гледна точка, Центарот за европски развој и интеграции и Цнетарот за култура, се одбележа  со трибина со наслов Европската Унија можности и предизвици.

Мотото на Европската Унија оваа година е најголемо проширување, во тој контекст Проф.д-р Артур Адамчек од Централно Европскиот Универзитет од Варшава ќе ги сподели искуствата од 10 годишното членство на Полска во Унијата, вели Диоген Хаџи Коста Милевски од Центарот за европски развој и интеграции.

Покрај професорот од Полска свое излагање на трибината имаше и  д-р Младен Караџоски – ФАМИС за аспектите на македонската евроинтеграција и од здружението Европска гледна точка.

Целта на трибината била на јавноста да и ги претстават и доближат моменталните состојби на Македонија за европската интеграција вели Дејан Петровски од здружението Европска гледна точка.

Европската Унија е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1993 со Договорот за Европска Унија – Мастиршки договор.