Европски ден на дарување органи

 

Европскиот ден на дарување органи денеска трета година по ред ќе биде одбележан во Македонија.

По овој повод и со дозвола од Европскиот директорат за квалитет на лекови и медицина, „Нефрон“ ја преведе и ја објави  брошурата „Органодарителство-Ајде да зборуваме за тоа“, која е збир на информации за донирањето органи за трансплантација, лекувањеи и спасување друг живот.

– Во брошурата се содржани сите важни информации кои ќе му помогнат на обичниот човек да ја осознае суштината на медицинската процедура на  трансплантација и на дарувањето органи по смртта како највисок хуман акт и чин на човекољубие со кој може да се спаси друг живот, соопшти Нефрон.

Европскиот ден за донирање органи во земјите на Европа се одбележува секоја втора сабота од октомври, а Советот на Европа има развиено унифицирано лого, идеи и програми за одбележување на денот во сите земји. Секоја година една земја-членка е носител на овие активности, а годинава тоа е Италија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.