Македонија

Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата,започнување на преговорите, без понатамошно одлагање и условување

Европскиот парламент ја изгласа Резолуцијата,започнување на преговорите, без понатамошно одлагање и условување

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со 48 гласа за, четири против и шестмина воздржани, денеска гласаше за Предлог резолуцијата за Република Македонија во однос на поднесен од страна на известувачот за нашата држава во ЕП Ричард Ховит.

На денешното гласање усогласени беа промените од првичниот текст кој се однесуваа на двојазичното образование, и прецизирање на терминиот „ултранационализам,“ јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Главната порака во извештајот е „започнување на преговорите со Европската Унија без понатамошно одлагање и условување.“

„Јас денеска упатив јасна порака до грчкото председателство. Сите сме запознаени со проблемот и пречките во врска со тоа, но јас апелирам грчкото претседавањето со Европскиот Совет да се претвори во предност, а не во пречка, и властите на двете држави да вложат искрени напори да се постигне решение за спорот и да се започне со преговарачкиот процес,“ изјави Ховит.

Во краткото интевју по завршувањето на гласањето на предлог резолуцијата од страна на комитетот за надворешни работи тој објасни зошто во последниот предлог го употребил терминот ултранационализам и на што конкретно се однесува таа фраза, како и за местото на кое ќе се најде придавката македонски во финалната верзија на Резолуцијата.

„Да, тоа постои во текстот, но не подразбира дека ултранационализмот постои во државата, или пак дека некого обвинуваме за ултарнационализам, туку станува збор за предупредување за сите држави во пристапниот процес. Мојот став е дека придавката македонски е и ќе остане во Резолуцијата, на точното место на кое ќе одлучам наредниве денови,“ изјави за Нетпрес известувачот Ховит.

По вчерашните жестоки реакции на неколку европски пратеници, промена има и во делот на текстот кој се однесува на двојазичното образование.

„Знаеме дека Македонија има свој службен јазик, и секако добро е да се учи и албански, но не на обврзувачки начин, како што беше во првичниот текст, сега тоа го отстранивме,“ потенцираше хрватскиот европратеник Штиер.

Не помина ниту четвртиот компромисен амандман предложен од известувачот Ховит во кој беше наведено дека : „ЕП нагласува дека добрососедските односи се суштински столб на процесот на пристапување на земјата во ЕУ и ја повторува својата позиција дека билатералните прашања треба да се решат што е можно порано во процесот на пристапување.“ Но затоа пак беше усвоен амандамнот на европратеник Давор Штиер во кој се вели дека билатералните теми не смеат да го попречуваат евроинтегративниот пат на Македонија.

Усвојувањето на резолуцијата од страна на сите европратеници ќе се одржи во февруари на пленарната седница на ЕП во Стразбур.