Европскиот парламент ја отфрли резолуцијата за право на сексуално и репродуктивно здравје

Членовите на Европскиот парламент ја отфрлија резолуцијата поднесена од страна  на европарламентарката Едит Естрела за право на сексуално и репродуктивно здравје и правото за неограничен пристап за абортус, притоа со 327 гласа го одобрија  алтернативениот  извештај презентиран од  членови на Европската народна партија и Eвропските конзервативци, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Во контраверзниот извештај се бара задолжително сексуално образование за сите деца од нивната прва година.Тоа практично значи дека децата од најрана возраст ќе учат за „уживање и задоволство кога го допирате сопственото тело, рана детсска мастурбација, различни семејни односи како и правото да се истражуваа голотијата и телото, под изговор  да бидеме љубопитни.“

На ваквата предлог-резолуција жестоко реагираа европските парламентарци кои сепак со мала разлика гласаа против.

„Јас не можам да го прифатам предлогот и реакцијата на Естрела, бидејќи  нејзиниот извештај беше изгласан од помалку од половина од членовите. Врз основа на тоа, таа не смее  да ги навредува оние што гласале против и да ги нарекува лицемери или со нешто друго што ќе и падне на памет,“ се спротистави евро-пратеникот Нино Мело од Европската десница.

Во извештајот на европратеничката Естрела се бара и неограничен пристап за абортус, односно истиот да се третира како основно човеково право. Токму за оваа точка имаше најмогу реакции од невладините про-живот организации.

„Сакаме поголема почит кон неродените деца и кон бремените жени кои ја немаат потребната поддршка. Абортусот не е опција. Очекуваме граѓаните да го променат мислењето,“ истакна Лизбет Росман од организциониот одбор на про-живот организацијата во Брисел.

Во радикалниот „Естрела извештај“ се бараше и забрана на приговор на совеста кај здраствените работници.

„Тоа значи дека некој што искрено мисли дека треба да работи против сопствените убедувања, односно да учествува во извршување на абортус-прекинување на еден живот на едно неродено дете, да биде присилен на тоа бидејќи во спротивно би изгубил работа. Мислам дека таква една резолуција би била антиевропска,“ изјави Давор Штиер-хрватскиот европратеник.

Отфрлањето на контраверзниот извештај  е јасна демонстрација на европските пратеници дека тие не одобруваат  меѓународна кампања за абортусот да се наметне како една идеологија за основно човеково право во  нивните земји. Со одобрување на алтернативниот извештај, европратеници изразија уверување дека политиките поврзани со абортусот треба да се одредат од суверени држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.