Европскиот парламент ќе усвои резолуција за ситуацијата во Украина

Европскиот парламент следната недела планира да усвои резолуција во врска со ситуацијата во Украина, пренесоа „ИТАР- ТАСС“, цитирајќи го координаторот за меѓународни прашања на Европската народна партија, Хозе Игнасио Салафранка.

„Сакаме јасно да кажеме дека граѓаните на Украина не се сами. Милиони луѓе ја поддржуваат европската преспектива на земјата и ние исто така имаме желба да го потпишеме со Киев договорот за асоцијација. Следната недела Европскиот парламент ќе усвои резолуција за ситуацијата во Украина“, изјавил Салафранка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.