Европскиот претставник Ван Хауте: Не е добра идеја да се копира од европските земји

Ван Хауте, исплука по сите препораки на Европската комисија и по сите напори за хармонизација на македонското со европското законодавство. Белгиецот побара Македонија да не ги следи насоките на ЕУ и да не ги копира европските закони, пишува „Курир“.

Порталот пишува дека, Питер Ван Хауте, неможејќи да најде оправдание за сопствената нервоза предизвикана од очајната поддршка која СДСМ ја има од народот и покрај тоа што со сите сили пристрасно одработува за интересите на Заев, вчера дал изјава која се граничи со лудило.

Денеска во Република Македонија, европскиот претставник Ван Хауте даде изјава дека не е добра идејата да се копира од европските земји. Трагична и смешна во исто време, оваа изјава го покажува тоталниот недостиг на аргументи за одбрана на фалшливите ставови на Белгиецот. Ова е невиден скандал и тотално неиздржан став. Македонската јавност се прашува што мислат претставниците на ЕУ и на секоја од 28 земји членки на ЕУ за оваа навредувачка изјава на Ван Хауте кон нив. Ваква изјава како оваа на Ван Хауте немаат дадено ни најголемите противници на Европа, пишува „Курир“.

Дополнително, како што нагласува порталот, Вах Хауте покрај што ги исплукал европските земји кои му плаќаат дебели дневници, со изјавата направил тешка навреда врз Македонија и македонските граѓани, и со тоа сто изрази став дека Македонија не е достојна за да користи искуства од европски земји. Ова не е прва навреда на овој човек врз Македонците.

Минатотот лето Ван Хауте ги навреди македонските граѓани со изјавата „Македонците не се европјани“.

За ступидарноста на тезата на Белгиецот говори и фактот што суштината на евроинтеграциите предвидува преземанје на европски закони. Македонија досега има преземено стотици европски закони и нормативи.