Европскиот суд ја одбрани одлуката на Франција за потполна забрана на носењето бурка

Европскиот суд за човекови права ја одбрани одуката на францускиот суд  за носење на мислиманскиот вел со кој се покрива лицето – бурка, пренесоа новинските агенции.

Случајот беше отпочнат од една 24 годишна жена, која се побуни дека оваа забрана за носење на бурката во јавност ги нарушила нејзината верска слобода и слбода на изразување.

Францускиот закон вели дека никој не може да носи вел на јавно место со намера да го сокрие лицето. Казната за вакво постапување е 150 евра. Законот е од 2010 година. Во Франција жиеват околу 5 милиони муслимани, тоа е најголемото муслиманско малцинство во Европа, но сепак станува збор за околу 2000 жени кои носат вел кој целосно го покрива лицето, пишува Би-Би-Си.

Судот пресуди дека забраната „не се однесува на религиска конотација на облекувањето туку стриктно на фактот дека го покрива лицето“. Судиите од Стразбур рекле дека тоа е конечна одлука, и дека нема можност да се обжали.