Европските авиони ќе го заобиколуваат руското небо

Русија би можела да воведе ограничување или забрана за користење на трансибирската воздухопловна рута за европските авиокомпании, со што би се зголемиле трошоците за сообраќај со Азија, како одговор на санкциите кои ЕУ ги воведе спрема Москва поради ситуацијата во Украина, пишува денеска „Ведомости“.

Руската компанија за евтини летови „Доброљот“ која управува со државната „Аерофлот“ морала да ги суспендира сите летови минатата недела поради откажување на договорите за изнајмување на авионите.

Забраната би ги опфатила не само европските авиопревозници како „Луфтханза“, „Бритиш ервејз“ и „Ер Франс“ туку ќе го погоди и „Аерофлот“ кој наплаќа такса за овие фирми.

Руското министерство за сообраќај и цивилните воздухопловни власти одбија да коментираат за ова.