Европските полиции уништија меѓународна мрежа на кибер кримминалци

кибер

Како што јавува дописникот на МИА од Берлин, во операцијата учествувале полиции од 10 еевропски земји кои што заплениле сервери, затвориле веб страници и уапсиле неколу лидери на криминалната организација.

Запленети се 39 сервери и блокирани неколку стотини адреси на веб сајтови преку кои што се влегувало во над 50 илјади компјутери во Германија. Преку тие компјутери биле уривани други веб сајтови.

Според германското обвинителство, акцијата се случува една недела откако хакери се обиделе да ја формираат најголемата мрежа наречена „Ботнет“ или армија на компјутери кои што не се под контрола на сопствениците со подметннување на компјутерски вирус на 900 илјади рутери на компанијата „Дојче телеком“.

Хакерскиот напад завршил неуспешно, но стотици илјади компјутери имаа проблем да се поврзат на интернет во неделата и понеделникот како последица на криминалната операција „Аваланж“ која во текот на една недела испраќа по еден милион елетронски пораки со вируси. Со примање на ваква порака и отворање на испратеникот линк сопствениците на компјутери веднаш стануваа дел од мрежата која понатаму се користи за влез во банкарски сметки или други криминални дела.

Операцијата на европските полиции започнала пред 4 години, а во неа учествувале 41 експерт коишто успеале да најдат докази за 16 кибер криминалци од 10 земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.