Европските санкции против Русија ќе стапат во сила уште оваа недела?

Министерот за надворешни работи на Франција, Лорен Фабиус изјавил дека санкциите на Европската унија против Русија, можат да стапат во сила уште оваа недела, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Министерот појаснил дека станува збор за замрзнување на имотот и поништување на визите на руски и украински државјани. Фабиус дополнил дека мерките може да бидат одложени ако Москва покаже стремеж кон нормализирање на ситуацијата во Украина.