Европските шефови на дипломатии утре ќе расправаат за Украина

Шефовите на дипломатиите на членките на ЕУ ќе се соберат утре во Брисел на дводневен состанок на Советот за надворешни работи.

Официјално, главна тема ќе бидат подготовките за завршниот Самит на првото полугодие кој ќе се одржи кон крајот на јуни, но се очекува дека украинската криза повторно ќе доминира на дебатата.

Танјуг од дипломатски извори дознава дека нема да има некои драстични мерки, но црната листа на ЕУ со имиња на руски функционери на кои им е забрането издавање на визи и кои имаат забрана за користење на сметки во европските банки, ќе се прошири.