Македонија

„Курир“: И европските судови би донеле иста одлука како македонскиот суд

„Курир“: И европските судови би донеле иста одлука како македонскиот суд

„И европските судови би донеле иста одлука како македонскиот суд – уставно и законски цврсто базирана“. Ова е насловот на анализата што ја објави порталот „Курир“, а која се однесува на одлуката на Основниот Суд Скопје 1 да ги отфрли материјалите на Заев како незаконски прибавени докази.

Ниту македонската легислатива, ниту светската пракса дозволува користење на докази кои биле стекнати спротивно на законот.  Во европските земји постојат исти вакви закони како во Македонија, кои не дозволуваат незаконски стекнати материјали да се користат како доказ во суд. Тоа показува дека и овие европски судови носат и би донеле одлука исто како и македонскиот суд, се вели во анализата на „Курир“.

„Курир“: И европските судови би донеле иста одлука како македонскиот суд
„Курир“: И европските судови би донеле иста одлука како македонскиот суд

Порталот го цитира членот 12 од Законот за кривична постапка каде јасно недвосмислено и прецизно стои дека материјали кои се обезбедени на незаконски начин, како што на незаконски начин се обезбедени прислушуваните материјали, никако не можат да се користат како докази ниту пак врз нив да се заснова судска одлука.

Македонскиот суд во случајот со прислушуваните разговори донел законска одлука за некористење на прислушуваните материјали, и тоа користејќи ист правен основ како што се користи во САД и во државите членки на ЕУ, во чии што закони се предвидува исто како во македонските закони, дека доказите прибавени на противправен начин, не се допуштени во рамките на кривичната постапка. Такви се Белгија, Кипар, Шпанија, Грција, Ирска, Италија, Луксембург, Малта, Холандија, Португалија…. Прислушуваните материјали на Заев не би можело да се користат во судската постапка ниту во САД и во европските земји, пишува „Курир“.

Порталот, понатаму ја разгледува легислативата и законите во европските земји, каде исто така прислушуваните материјали на Заев, не би можеле да се користат како докази во судската постапка.

Според правото во Грција, правниот режим на доказите прибавени со предизвикување на повреда на заштитата на приватниот живот е регулиран со Уставот. Став 3 од член 19 од Уставот на Грција, усвоен со уставните измени од 2001, предрвидува дека „користењето на докази прибавени со повреда на правата од овој член (заштита на тајната на кореспонденцијата и комуникацијата генерално) како и членовите 9 (заштита на приватниот живот, фамилијарниот живот и домицилот) и 9А (заштита на личните податоци) е забрането. Генерално е признато дека оваа забрана е директно и веднаш применлива и дека таа ги покрива сите постапки судски и административни, дури и во отсуство на конкретни правни норми, пишува „Курир“.

Понатаму, во анализата се нагласува дека според грчкиот Устав, како резултат на ова, доказите прибавени со повреда на правата кои што го заштитуваат приватниот живот треба да бидат отфрлени како недопуштени, под закана за запсолутна ништавност на кривичнатга постапка во случај на нивно користење од страна на судијата. Ова се однесува без оглед на сторителот на таа повреда (дали станува збор за јавен орган или приватно лице).

Докази стекнати спротивно на законот неможе да се користат ниту во Италија

Допуштеноста на доказите во кривичната постапка во Италија се одредува со членот 191 од Законот за кривична постапка на Италија. Според оваа одредба, доказите прибавени со предизвикување на повреда на забраните предвидени со закон, не можат да бидат употребени.

Неможноста за нивна употреба може да биде проверена/верифицирана од орган на државата во која било фаза на постапката.“ Што се однесува до прислушкување на разговори или комуникации, член 271 од Законот за кривична постапка на Италија во став 1 и 3 се предвидува дека:

Резултатите од прислушкување не можат да бидат користени доколку истите биле реализирани надвор од оние случаеви предвидени со законот или доколку одредбите од член 267 (кои што ги дефинираат условите и формите на овластување) и член 268 ставовите 1 и 3 (начини на извршување на операциите) не биле почитувани. Во секоја инстанца на постапката, судијата кој што ја поседува документацијата од прислушкувањата предвидени со став 1 и 2 од овој член обезбедува истите да бидат уништени, освен доколку тие не претставуваат предмет на кривичното дело.

Понатаму, „Курир“ анализира дека докази како оние на Заев не поминуваат ниту во Шпанија, Португалија, Холандија и други земји на ЕУ.

Целиот текст прочитајте го на „Курир“.