(ФОТО) Европското првенство во кајак завршува денеска

image-1d01d2f29d339a51f1283de694c404d2da84ab3e8107329b0f27db8a66996192-VЕвропското првенство во кајак слалом за јуниори и сениори до 23 години-СКОПЈЕ денска завршува на кајак патеката во Спортско рекреативниот центар Матка.Денеска и официјално ќе им бидат доделени наградите на најдобрите.

На завршниот ден на Матка владее одлична атмосфера, настанот предизвика голем интерес кај посетителите.Меѓу нив можеше да се забележи и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

На Европското првенство учествуваа вкупно 400 натпреварувачи од околу 30 земји, а македонската репрезентација имаше седум натпреварувачи, меѓу кои шест мажи и едно девојче.

Позначајни спортисти-кајкари кои беа дел од ова Европско првенство се Прскавец (Чешка) – актуелен Европски шампион, Брус Симон (Словенија) –Европски јуниорски првак во 2011 година, Џовани де Џенаро (Италија) третопласиран на ЕП и СП во 2013 год., Лука Бозиќ (Словенија) третопласиран на Светскиот куп, второ коло во 2014 год.

Домаќин беше Кајакарската федерација на Македонија.