Евроскептиците не успeaa да формираaт блок вo ЕП

Холандскиoт евроскептик Херт Вилдерс, сoопшти дека неговата Партија на слободата и четири други партии не успеале да формираат група во Европскиот парламент со францускиот Национален фронт.

„За жал, не успеавме да формираме група со шест други партии во Европскиот парламент пред крајниот рок 24 јуни“, изјави Вилдерс.

До вторник партиите требаше да побараат статут на група во Европскиот парламент, по изборите минатиот месец, на кои евроскептичните партии забележеаа успеси во гласањето на територијата на континентот.

Инаку, Вилдерс претходно јанво ветуваше „уништување на чудовиштето Брисел одвнатре“.

Согласно законите на ЕУ, најмалку 25 пратеници од седум нации од Унијата се неопходни за формирање на група во ЕП, што би им обезбедило дополнително финансирање од Европската унија како и други предности. Вилдерс и лидерот на францускиот Национален фронт, Марин Ле Пен, беа оптимисти дека ќе успеат да убедат две други партии да се присоединат кон групата, во која се вклучени и белгиската крајнодесничарска партија Фламански интерес, потоа Партијата на слободата на Австрија и италијанската Северна Лига.

„Убеден сум дека тоа ќе го сториме подоцна во текот на годинава и ќе обезбедиме европратеници од седум земји“, изјави Вилдерс.

Тој потенцира дека нема да формира фракција по секоја цена, и категорипно ја отфрли можноста да работи со полската еврофобична партија Конгрес на новата десница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.