петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 0

Евросонг: 43 земји ќе ја пеат својата евровизиска песна

Годинава во Стокхолм помеѓу 10 и 14 мај по 61. пат ќе се одржи Изборот за песна на Евровизија, каде своите музички способности ќе ги вкрстат 43 земји.

Eurovision-2016-640x336

Поврзани вести

По една година пауза, на евровизиската сцена повторно се враќа Украина, како и Босна и Херцеговина, која последен пат учествуваше во 2012 година, а Хрватска и Бугарија се враќаат за првпат од 2013 година. Единствената земја што се повлекува годинава е Португалија, која учествуваше 48 пати и не победи ниту еднаш.

Годинава уште еднаш ќе видиме и седум изведувачи што претходно настапувале на евровизиската сцена, меѓу кои и нашата Калиопи, која веќе не претставуваше во 1996 и 2012 година. Дин исто така повторно ќе настапи за Босна и Херцеговина, уште еднаш ќе ја видиме и бугарската претставничка Поли Генова. По вторпат ќе учествува и црногорскиот пејач Бојан Јововиќ, Ира Лоско од Малта, Дони Монтел од Литванија и Грета Саломе од Исланд.

До Евросонгот останаа месец дена, а сите забрзано се подготвуваат за настанот, и пејачите, и домаќинот. Заради непарниот број на учесници, во првата полуфинална вечер ќе настапат 18 земји, а во втората 19, меѓу кои и Македонија.

Обложувалниците велат дека фаворит за победа е Русија, втора е Шведска, а трета Франција, но резултатот секако ќе го почекаме до 14 мај.

Првата полуфинална вечер ќе се одржи на 10 мај, втората полуфинална вечер на 12 мај, а финалето на 14 мај.

Најчитани вести