Балкан

Евростат: 37.900 Косовци лани побарале азил во ЕУ

Евростат: 37.900 Косовци лани побарале азил во ЕУ

Минатата година од Косово во Европската унија пристигнале 37.900 барања за азил, а најмногу во Унгарија, објави Евростат со напомена дека Косово е на трето место по број на баратели на азил во Унијата по Сирија и Авганистан.

Според податоците, 21.500 баратели на азил од Косово сакаат да останат во Унгарија.

Минатата година бројот на барања за азил бил зголемен за 44 отсто или за 191.000 на – 626.000 барања, наведува Евростат.

Третина од барањата се поднесени во Германија. По неа следуваат Шведска, Италија, Франција и Унгарија.

Најмногу барања за азил има од Сирија – 20 отсто од вкупниот број, седум отсто се од Авганистан и шест од Косово.