Евростат: Бугарија и Германија со најмалку деца во ЕУ

Во рамките на Европската унија најнизок однос спрема возрасните е бројот на децата во Германија и Бугарија.

Податоците од Европската статистичка служба (Евростат) покажуваат дека во 2014 година само 13,1% од населението во Федералната република биле на возраст под 15 години. На второ место се наоѓа Бугарија со 13,7% детско население.

Земјите со највисок процент на детско население се Ирска (22%), потоа следи Франција (18,6%) и Велика Британија (17,6%).

Општо земено, учеството на децата во повеќето европски земји ќе продолжи да опаѓа во наредните децении.

До 2050 година дури во девет земји-членки тој раст ќе порасне: Австрија, Белгија, Бугарија, Чешка, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Словенија и Шведска.

Со најмал процент на население во детска возраст ќе останат Португалија и Словачка.