Евростат: Грција е трета најсиромашна земја во ЕУ

Грција е третата најсиромашна земја членка на ЕУ, по Бугарија (34,2 отсто) и Романија (22,7 отсто). Со таа разлика што, додека процентите за сиромаштија во двете поранешни комунистички балкански држави значително се намалени, или за речиси една третина, од 2008 година наваму сиромаштијата во Грција е двојно зголемена.

Тоа го покажуваат податоците на Евростат, цитирани од грчкиот весник „Имерисија“ во текстот под наслов „Станавме како . . . Бугарија според сиромаштијата на домаќинствата“.

Сиромаштијата му се заканува на грчкото општество: седум години по приклучувањето на Грција кон режимот на меморандуми, процентот на домаќинства кои живеат во услови на сиромаштија двојно е зголемен.

Додека во 2008 година, кога избувна светската економска криза, 11,2 отсто од Грците прикажале недостиг од основни добра, во 2015 година овој процент „скокнал“ до 22,2 отсто, како во ниту една друга земја на ЕУ, пишува весникот.