Еврото и доларот се изедначуваат

За повеќе од три отсто минатата недела падна курсот на еврото спрема доларот. Со ова вредноста на еврото го достигна најниското ниво во последните 12 години.

Ова доаѓа откако минатата недела европската централна банка почна да купува државни обврзници, додека во САД се очекува заострување на монетарната политика.

Едно евро сега чини 1,050 долари.

Падот на еврото е последица на програмата  за купување на државни и приватни обврзници за 60 милијарди евра месечно или повеќе од 1.000 милијарди во наредните 1,5 година.