Еврото на минимум, швајцарскиот франк доби крилја

Еврото на минимум, а швајцарскиот франк доби крилја. Еврото падна на речиси седуммесечен минимум во однос на доларот, поради терористичките напади во Париз.

Инвеститорите во понеделникот, загрижени поради нападите што се случија во петокот во Париз и неговото влијание на стопанството на еврозоната, се држеа настрана од единствената валута во Унијата.

Традиционално сигурната валута, швајцарскиот франк зајакна за 0,4 отсто во однос на еврото.

Аналитичарите ги оцениле реакциите на загриженост околу нападот во Париз како прилично пригушени, додека инвеститорите од друга страна се фокусирани на се поголемата разлика во монетарните политики помеѓу Европската централна банка и американската Управа за федерални резерви.

Дури и пред нападите, еврото слабееше поради очекувањата дека ЕЦБ ќе пристапи кон воведувањето на монетарни олеснувања следниот месец, како и можното понатамошни намалување на депозитните каматни стапки, која е веќе негативна, како и во купувањето на новите средства што су опфатени со програмата за квантитавните олеснувања.

Еврото ослабе за 0, 5 отсто, на 1, 0723 долари, што не е далеку од шестмесечниот минимум од 1, 0674 долари.

Еврото забележа 130,66 јени, што е најниско ниво од крајот на април, но на затварањето забележа ниво од 131, 92 јена, незначително послабо во однос на претходниот ден.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.