четврток, 20 јули 2017  |  Вести денес: 47

Еврото на највисоко ниво кон доларот од изборот на Трамп

Во фокусот на пазарите денеска ќе биде објавата на процените на Eurostat за растот на економијата во еврозоната и во Европската унија

dollar euro

Поврзани вести

Еврото на меѓународните валутни пазари во вторникот ги забележа највисоките нивоа во однос на американскиот долар од изборната победа на Доналд Трамп, под притисоците на слабеењето на доларот во врска со политичките превирања и неизвесностите во врска со натамошниот раст на каматните стапки во САД, а пред очекуваните робусни податоци за растот во еврозоната.

Во спомената атмосфера на пазарите, еврото зајакна во однос на доларот за 0,6 отсто, на 1,10365 долари, највисокото ниво од 9 ноември минатата година. Американската валута во однос на јапонската, истовремено, ослаби за 0,3 отсто, на 113,45 јени.

Индексот на доларот, која ја мери вредноста на американската валута на другите шест најважни валута најголеми трговски партнери на САД, во вторникот се лизна за 0,4 отсто, на 98,555 поени, и е во загуба повеќе од 5 отсто во споредба со највисоките нивоа во последните 14 години кои ги достигна во јануари годинава.

Меѓу главните причини за слабеењето на доларот аналитичарите ја наведуваат загриженоста поради извештаите кои покажуваат дека американскиот претседател Доналд Трамп на минатонеделниот состанок со рускиот министер за надворешни работи изнел некои врвни доверливи информации. Таквите вести предизвикаа страв во поглед на траењето на неговиот мандат и спроведувњето на ветените програми за економски поттикнувачки мерки.

„Приказната за Трамп и Русија веројатно предизивка слабеење на доларот поради ставовите дека Трамп можеби нема да остане доволно долго за да ја спроведе даночната реформа, којашто барем делумно веќе е пресметана во цената долари“, коментира за Reuters Адам Кол, валутен аналитичар на „RBC Capital Markets“.

Во фокусот на пазарите денеска ќе биде објавата на процените на Eurostat за растот на економијата во еврозоната и во Европската унија, при што за еврозоната се очекува во првиот годинешен квартал да оствари солиден раст од 1,7 отсто на годишно ниво.

Додека економијата на еврозоната добива на залет, инвеститорите почнува да ги загрижува тоа што американската централна банка Federal Reserve (Fed) по новата низа послаби од очекуваните американски економски показатели можеби нема во јуни да ги подигне каматните стапки на што пазарите веќе речиси сигурно целосно сметаат.

Вложувачите проценуваат дека шансите се околу 73 отсто каматните стапки да бидат повторни зголемени на редовната седница на Fed во јуни, но тие шанси се послаби во споредба со повеќе од 80 отсто колку што изнесуваа минатата седмица, според показаелот на FedWatch на CME.

И во еврозоната фокусот на пазарите, исто така, се врати во сферата на монетарната политика, откако ризиците на политички план во Европската унија се стивнаа по победата на Емануел Макрон на неодамнешните француски претседателски избори. Вложувачите сега се концентрирани на натамошние потеи на Европската централна банка (ECB), при што најмногу ги интересира кога и како би можело постепено да се намалува квалитативното ублажување.

Најчитани вести